ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Политиката за приватност и заштита на личните податоци ги содржи практиките на приватност и објаснување за обработка на личните податоци и е насочена кон заштита на вашата приватност. Со политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци и други податоци кои се цел на обработка.
Ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност и заштита на лични податоци пред да започнете со купување и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.
Собирањето,обработката и чувањето на личните податоци 1 МАРКЕТ го врпи во согласност со Законот за заштита на личните податоци и неговте последни измени кои важат во Република Северна Македонија.
• Цели и начин на обработка
За успешно реализирање на нарачките, неопходно е да ги обработуваме податоците и тоа податоците кои ги обработува 1 МАРКЕТ се следните:
-Име и Презиме;
-адреса на живеење/адреса на испорака на производи;
-пол;
-е-маил адреса;
-телефонски број на купувачот;
-тековна сметка ( во случај кога се врши поврат/враќање на производот)
Прибирањето на споменатите податоци има за цел да можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Друштвото 1 МАРКЕТ се обврзуваме дека ќе ја чува приватноста на сите купувачи. Ги собираме само наведените основни податоци за купувачите (потрошувачите) кои се неопходни за постапување по нарачките и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/потрошувачите грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во 1 МАРКЕТ се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.
• Како 1 МАРКЕТ ги обработува податоците
Личните податоци се обработуват на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на лични податоци (Закон за заштита на лични податоци) во мера која е потребна и доволно исклучиво за целите на обработката на личните податоци.
При обработка на личните податоци се превземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска. Со исклучок кога за потребата за испорака и извршување на избраната услуга ќе биде ангажиран овластен субјект/ бизнис провајдер за извршување на услугата ќе бидат доставени податоците кои ќе бидат побарани од бизнис провајдерот, со што е потребно истите да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.
Личните податоци доставени обработени преку веб страната се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следниве рокови:
-податоците дадени за реализација на одедена услуга и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури,
-податоците за регистрација, најава како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барања за бришење на податоци.
• Безбедност на податоците
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци и другите информации кои ги дознаваме за Вас. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна преку регистрација со внесување на корисничко име и лозинка. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувата вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни информации (како информации за кредитна картичка) со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери Трансакциите се процесират преку платежниот процесинг систем на Банките со кои соработуваме кои се сертифицирани од VISA и Maesto Card за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносен протокол на банките со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од вашата платежна картичка единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето име и презиме од платежната картичка, сумата на која е извршена трансакцијата додека сите останати податоци се енкриптирани.
За жал, нема 100% сигурен пренос на податоци преку интернет или кој било која друга безжична мрежа. Како резултат на тоа, додека ние имплементираме комерцијално разумни безбедносни мерки за заштита на податоците, ние не можеме да Ви гарантираме безбедност на какви било информации пренесени на веб-страната и не сме одговорни за постапките на било која трета страна која може да ги добие сите такви податоци.
• Политика за заштита на лични податоци на деца (малолетни лица)
1МАРКЕТ не дозволува користење и регистрација на малолетници (деца помали од 14 години) и таквата употреба е забранета. Веднаш ќе го отстрани профилот и податоците поврзани со него доколку дојде до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој има под 14 години.
• ” COOKIES”
Веб страницата www.1market.mk користи „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. “Cookie“ е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. “Cookies“ не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “сookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Деталите за Политиката за колачиња се достапни на следниот ЛИНК.
• Права на Купувачи/Потрошувачи
Потрошувачите имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.
Потрошувачите имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.
• Промена на политикатa за приватност и заштита на лични податоци
1 МАРКЕТ може во секое време да ја измени и дополни оваа Политика на приватност и заштита на лични податоци. За секое нејзино менување или дополнување ќе поставиме видливо извествање на самата веб страна. Вашите коментари во врска со оваа политика за приватност и заштита на лични податоци се добредојдени.
Објавите во политиката за приватност и заштита на личните податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве повикуваме да ја прегледате оваа политика секогаш кога ќе ја отварате оваа веб страна со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци и вашите податоци кои се поврзани со куување на производите. Прибирањето на Вашите лични податоци е во согласност со прописите за заштита на лични податоци и други прописи кои ја регулираат оваа материја.
• Контакт
Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата www.1market.mk и во врска со оваа Политика на приватност и заштита на лични податоци, корисниците може да ги упатат преку следниот контакт:
Телефон: 02 3109 993
Email: contact@1market.mk
Со почит,
1 МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје