Политика за користење на колачиња
Друштво за трговија и услуги 1 МАРКЕТ дооел Скопје со седуште на ул. Гоце Николовски бр.66/дп1, Скопје, со матичен број 5908299 со е-маил: contact@1market.mk
Како и многу компании, ние користиме технологија на нашата веб страна www.1market.mk врз основа на која добиваме податоци кои ни помагаат да го подобриме твоето искуство и нашите производи и услуги.
Колачињата (во натамошниот текст: „Колачиња“) што ги користиме овозможуваат нашата veb strana да функционира и ни помагаат да разбереме кои информации и реклами се најкорисни за тебе, како наш посетител и наш корисник.
Што се колачињата (cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата.
Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“.
Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба),
додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот.
Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите на сајтот и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња по категорија:
Каков вид на колачиња (cookies) користиме?
На нашата веб страница ги користиме следниве видови колачиња:
Задолжителните колачиња ја прават страницата употреблива, односно овозможуваат основни функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. 1market.mk користи колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на нашата веб-страница за да овозможат одредени технички функции и за да обезбедат позитивно корисничко искуство.
Статистичките колачиња со анонимно собирање и испраќање на податоци им помагаат на сопствениците на сајтовите да разберат како посетителите комуницираат со страната. Ова се колачиња кои овозможуваат 1market.mk да прави веб анализи, т.е. анализа на користењето на нашата страна и мерење на посетеноста, која 1market.mk ја применува за подобрување на квалитетот и содржината на понудените услуги.
Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Тие се користат за прикажување на соодветни реклами за корисниците и нивно поттикнување да учествуваат, што е важно за издавачите и за рекламирањето на трети лица. 1market.mk користи Google Analytics колачиња и Facebook колачиња.
Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?
Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.