Почитувани Потрошувачи,
Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за купување пред да купите. Во процесот на купување ви овозможуваме користење на услуги и содржини на својата веб страна со што Вие се согласувате со овие услови за купување (во натамошниот текст: Општи услови за купување) и потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле и прифаќате дека користењето на ова веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
Регистрација – процедура за поставување и креирање на корисничко име, Корисничко име – збир на ресурси и информации под единствено име /корисничко име (најава), каде што се собираат податоците и информациите на корисникот во врска со активноста на корисникот на е-пазарот Корисник – продавач или купувач кој добил пристап до услугите обезбедени на пазарот во согласност со Општите услови.
Продавач – е правно лице или регистриран претприемач, кој дејствува за цели поврзани со неговата економска активност, трговија, бизнис, занает или професија, кој презема активности за продажба или кој продава стоки на пазарот.
Купувач – е секое физичко или правно лице кое презема активности за купување или кое купува стоки на пазарот.
Стоки/Производи – предмети, услуги или права кои се предмет на понуда на пазарот Понуда – предлог за склучување договор за продажба на стоки/производи под условите предвидени од продавачот, вклучувајќи ја цената и описот на понудената стока/производи, користејќи ги функционалностите достапни на пазарот.
Услуги – можност продавачот да ја користи платформата www.1market.mk за да продава стоки и можност Купувачот да купува стоки/производи од пратеникот и сите други функционалности во врска со тие услуги.
Трансакции – постапки за склучување и извршување на договори за продажба на стоки/производи меѓу корисници и продавачот.
Жалба/приговор – ако според мислењето на корисникот, услугите што треба да се обезбедат според Општите услови не се дадени од некоја од договорните страни или не се дадени во согласност со Општите услови за купување, Корисникот може да ги претстави своите забелешки во форма на жалба/приговор.
• Податоци за фирмата за онлајн пазар
Сопственик на веб страната за онлајн пазар достапен во домејнот 1 market.mk е
Друштво за трговија и услуги 1 МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје
Адреса: ул. Гоце Николовски бр. 66/дп1, 1000 Скопје
Тел: + 2 3109-993; + 2 520 4444
email: contact@1market.mk
Веб страна: www.1market.mk
• Услови за купување
Kупувачите може да купи на веб страната како регистриран корисник (регистрација преку е-пошта, регистрација со Google налог или Facebook налог) при што ги остава своите податоци неопходни за реализација на купувањето, односно достава на стоката.
Процесот на регистрација и купување е многу едноставен и потребно е да ги внесете свои податоци за да го започнете порцесот на регистација, Регистрацијата е бесплатна и на потрошувачот му овозможува одредени поволности, како што се: заштеда на време (побрзо купување секој следен пат, зачувување на адресата за достава за идни купувања), овозможување целосен увид во статусот на нарачката, со полесен пристап и преглед на сите претходни нарачки и Потврди за купувања, можност за креирање листа на желби итн.
Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој следен пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.
На веб страната е дозволено купување во својство на правно лице или физичко лице кој има можност нарачката да ја плати со платежна картичка, но нема можност за вирмански плаќања.
Доколку купувањето е направено со платежна картичка на компанија/претприемач, во тој случај 1 Маркет како и Банката не се одговорни за даночните и другите законски обврски кои ја придружуваат платежната трансакција и основната правна активност врз основа на која се врши трансакцијата, ниту било кои други даноци и/или оптоварувања кои можат да настанат при давање услуги/достава на стоки.
Во процесот на купување, потрошувачот изјавува дека е запознаен и се согласува со Општите услови за купување и Политиката за приватност и заштита на лични податоци.
По завршувањето на процесот на нарачка на стоката, потрошувачот на e-mail (e-адреса) добива Спецификација на нарачката. Оваа е-порака е потврда дека нарачката е обработена и понатаму се процесуира. Кога ќе се потврди дека стоката нарачана е достапна во магацинот, нарачката ќе биде потврдена и потрошувачот ќе добие Потврда за купување на e-mail (e-адреса), и тогаш се смета дека договорот за купопродажба е склучен и процесот на испорака на избраните производ е започнат.
Купувањето на производите на веб страната може да го направат само возрасни потрошувачи. При нарачка на производот потрошувачот е должен да потврди дека е полнолетен. Не е дозволено купување или достава на производи од малолетни потрошувачи. Друштвото 1 Маркет не е одговорна за купување на производи од потрошувачи кои не се полнолетни.
• Опис на производот и продажната цена
Описот на производот, односно неговите основни карактеристики и продажната цена се истакнати до сликата на секој производ. Доколку доставениот производ не се совпаѓа со описот на веб страната , потрошувачот може да поднесе приговор или да го врати.
Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, обврска на трговецот е да ја истакне продажната цена на недвосмислен, јасен, лесно видлив и читлив начин директно до приказот или описот на производот, како и да се придржува до истакнатите цени и услови на продажба.
Сите цени на производите прикажани на веб страната се конечни и вклучуваат ДДВ. Цените се наведени и се наплаќаат во денари. Трошоците за достава не се вклучени во цената, туку се наплаќаат дополнително.
• Плаќање на избраните производи
За да купите производи преку веб страната , достапен е еден начини на плаќање:
– со платежна картичка;
Сите цени кои што се објавени на веб страната се прикажани со вклучено ДДВ.All prices on the website include VAT.
Плаќањата може да се изврши со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro или Diners. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.
Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.
При плаќањето потребно е да ги внесете следните податоци :
– Број на платежната картичка
– Име и презиме на носителот на картичката
– Датумот на важност на картичката
– CVV2/CVC2 код,
Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Банката која ја издала картичката, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.
Напомена:
Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 14 денови на картичката со која сте го извршиле купувањето.
• Достава на производот
По извршената нарачка започнува процесот на достава со што курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено.
Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.
Трошоци за достава
• Цената за достава на производи е 200 денари за секоја достава и не се вклучени во цената на производот се наплаќаат дополнително на курирската служба која ја врши доставата.
• Рекламации
Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како оштетени делови или нагмечувања веднаш пријавете до контакт центарот на 1Маркет на е-маил contact@1market .mk или на еден од телефонските броеви наведени на сајт.
Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:
– Број на нарачка.
– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.
Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.
Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување, декларација, кутија, и истиот не треба да е употребен.
Рекламациите се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка рекламација за производи нарачани онлајн во нашите простории.
• Враќање на производи
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Купувачот кој направил онлајн купување преку платформата 1market.mk има законско право да се предомисли и да се повлече од договорот во рок од 14 дена од денот на доставата и да го врати купениот производ без објаснување и дополнителни трошоци, освен трошоците за враќање на производот.
Потрошувачот го остварува правото да се повлече од договорот со изјава што може да ја даде или испрати на посебен Образец за повлекување од договорот што му е доставен на потрошувачот електронски (по е-пошта) при купувањето, или на друг недвосмислен начин. Потрошувачот го испраќа пополнетиот и скениран формулар за повлекување на е-маил адресата: contact@1market.mk По добивањето на барањето за повлекување Друштвото 1 Mаркет ќе му испрати на Купувачот потврда за прием.
Обврска на купувачот е да го врати производот без одлагање, а најдоцна во рок од 14 дена од денот на испраќањето на формуларот за повлекување. Купувачот го враќа производот на адресата на испраќачот наведена на етикетата за адреса која се наоѓа на транспортното пакување на пратката или на адресата објавена на веб страната на Продавачот.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање Друштвото 1 Маркет има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
• Потрошувачки жалби/приговори
Вашите приговори и забелешки може да ни ги доставите на contact@1market.mk или по пошта на нашата адреса наведена погоре.
• Трговска гаранција
Гарантниот лист е документ во писмена или електронска форма или на друг постојан носител на евиденција. Друштвото 1 MАРКЕТ е должен да му го предаде гарантниот лист на купувачот доколку производот се продава со гаранција. Со прифаќање на овие Општи услови за купување, купувачот се согласува дека, за производите за кои добива гаранција, гарантниот лист ќе му биде доставен во електронска форма по е-пошта.
• Директен маркетинг
Потрошувачите кои сакаат да добиваат известувања за најновите производи, трендови и специјални понуди можат да го сторат тоа со при регистрација, со означување на опцијата или со внесување на e-mail адресата на почетната страница.
Потрошувачот може во секое време да ја отповика согласноста за примање директен маркетинг, а обврска на 1 МАРКЕТ е редовно да ги проверува и прифаќа отповикувањата на согласноста испратена од потрошувачот кој не сака да прима пораки од директен маркетинг.
• Заштита на лични податоци
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;(во натамошниот текст: обработка). За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата 1Маркет се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработени, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Вработените во 1 Маркет се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.
Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.
Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.
• Кориснички блог
Друштвото 1МАРКЕТ го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.
Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на 1 Маркет, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Северна Македонија.
• Заштита на авторските и сродните права и други права на интелектуална сопственост
Друштвото 1МАРКЕТ има ексклузивни авторски права на веб страната www.1market. mk, како и на одредени елементи што ја сочинуваат, како што се текст, визуелни и аудио елементи, визуелен идентитет, податоци и бази на податоци, програмски код и други елементи. Искористувањето на споменатите предмети со авторски права, без изречна претходна писмена согласност од 1 Маркет се смета за повреда на авторското право и во тој случај 1Маркет ќе биде овластен да ги користи сите расположливи правни средства со цел заштита на правата.
Не е дозволено да се менува содржината на веб страната на 1 Маркет на кој било начин, ниту да се репродуцира или јавно прикажува, изведува, дистрибуира или на друг начин да се користи за јавни или комерцијални цели. Доколку корисникот сака да ја користи содржината објавена на оваа веб страна за цели различни од оние наведени овде, тој треба да го контактита 1 Маркет заради добивање дозвола.
• Решавање на спорови
Договорните страни се согласуваат да се обидат мирно да ги решат сите можни недоразбирања кои ќе настанат за време на траењето на договорниот однос. Доколку не го сторат тоа, надлежен ќе бидат судовите во Скопје кој ги применуваат законите на Република Северна Македонија.
• Вонсудско решавање на спорови
Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, потрошувачот може да го реши спорот во вонсудска постапка за решавање на спорови, на начин утврден со тој Закон и останати позитивни законски прописи кои важат во Република северна Македонија
• Важење и промени на Општите услови за купување
Овие Општи услови за купување стапуваат на сила на 01.01.2026 годинa.
Друштвото 1МАРКЕТ го задржува правото да ги измени овие Општи услови за купување во согласност со променетите деловни услови и во случај на промени на законодавната рамка.
Друштвото 1 Маркет е должно да ги информира купувачите за секоја промена на Општите услови за купување и истото се обврзува секоја промена на овие услови веднаш да ја објави на својата веб страна. Исто така купувачите можат повремено да ја посетуваат оваа веб страница и да провери дали Општите услови за купување можеби се променети од нивната последна посета.
Со почит,
1 МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје